Град во Кентаки 22 години по ред за градоначалник избира куче

Мал град во американската сојузна држава Кентаки ја продолжи традицијата и повторно избра куче за градоначалник. Жителите на Ребит Хаш му го доверија четиригодишниот мандат на францускиот булдог Вилбур Бист, кој собра 13.143 гласови, па тоа го направи најпопуларен животински кандидат во историјата на градот. Па дури и одѕивот исто така бил најголем досега кога биле уфрлени речиси 23.000 гласачки ливчиња.

Ребит Хаш почна да избира куче за градоначалник во 1998 година. Со секој глас се донира еден долар за градското историско друштво.

На годинешните избори Вилбур Бист го победи досегашниот градоначалник, питбулот Бринет Полтро, како и уште два противкандидата, бигл и златен ретривер.

Scroll to Top