Граѓаните во Судан излегоа на протест, па цела земја остана без струја

Во африканската држава Судан денеска завладеал целосен мрак, откако земјата останала комплетно без струја, објавиле тамошните власти. Службите велат дека немаат објаснување како дошло до прекинот на електрична енергија.

Светските медиуми пренесуваат дека голем број инженири и технички персонал се обидуваат повторно да воспостават ред со снабдувањето со струја и дека со повеќе информации ќе излезат во наредниот период.

Се претпоставува дека прекинот на електричната енергија настанал по протестот на луѓето кои излегоа на улиците да ги искажат својот револт од повеќедецениското владеење на претседателот Омар ал Башир (75).

Уште од декември демонстрантите бараат негова оставка. Откако протестите се засилиле во последните неколку дена, активистите велат дека прво го блокирале пристапот на социјалните мрежи.

Првиот пат социјалните мрежи биле блокирани во периодот од декември до февруари.

Scroll to Top