Грчките пензионери ги избркаа српските туристи од Евија

Туристи од Србија биле избркани од грчкиот остров Евија, пишува „Новости“. Нив ги избркале локалните пензионери, кои се исплашени од короната. Туристите беа принудени да го напуштат островот, затоа што мештаните не го сакале нивното присуство.

„Првичната информација беше дека српските туристи се враќаат доброволно затоа што не сакаат да бидат во карантин, а новите информации велат дека всушност тие се избркани од Евија“, пишува српскиот весник.

Овие вести доаѓаат само еден ден откако на фејсбук-група за туристи во Грција беше објавено дека 85 српски државјани биле тестирани на корона на островот Евија и дека сите биле негативни, па можат да го продолжат одморот.

Scroll to Top