Грета Тунберг: Климатскиот самит во Глазгов е неуспешен, а политичарите се криви за сè

Климатската активистка Грета Тунберг, рече дека самитот на Обединетите нации за климата COP26 во Глазгов бил неуспешен и ги обвини светските лидери дека постојано прават дупки во правилата и го оправдуваат емитувањето на штетните гасови во своите држави.

Таа зборуваше на протестот во главниот град во Шкотска и побара построги правила за сузбивање на загадувачите наместо она што таа го нарече, далечни необврзувачки ветувања.

„Светските лидери очигледно се плашат од вистината, но, колку и да се трудат, не можат да ја избегнат“, рече Грета.

Целта на COP26 е да се осигура доволен број на земји кои ќе се обврзат да го намалат емитувањето на штетни гасови, за растот на просечните глобални температури се ограничи на 1,5 степени Целзиусови.

Научниците велат дека шансите за да се постигне такво нешто се сè помали. Светот веќе се загрева за повеќе од 1,1 степен и сегашните проекции на основа на планираното намалување на емисиите во текот на наредните децении покажа дека загревањето на планетата до 2100 година ќе се зголеми за 2,7 степени Целзиусови.

 

Scroll to Top