Гром уби 16 луѓе на свадба во Бангладеш

Удар на гром усмрти шеснаесетина луѓе на свадба во Бангладеш, соопштија тамошните валсти. Громот ги погодил гостите додека се обиделе да се заштитат од невремето. Несреќата се случила додека се симнувале од бродот во град недалеку од границата со Индија.

Според претставникот на градските власти, Сакиб ал-Раби, 16 лица настрадле во период од неколку секунди. Невестата не била меѓу нив, а младоженецот добил повреди.

Неодамна од монсунските бури, кои погодија делови на Бангладеш, настрадаа дваесетина лица. Официјалните податоци покажуват дека од 2016 година од удар на гром досега загинале 2.000 лица. Во мај во еден ден умреле 82. За повеќето од жртвите нема официјални информации.

Независно тело оценило дека од почетокот на оваа година од удар на гром загинале 349 лица. Некои експерти сметаат дека сечата на шумите е причината за сè поголемиот број жртви од удар на гром. Во обид да ги ублажи последиците од климатските промени и бројот на жртви од удар на гром, оваа земја во Јужна Азија посадила стотина илјади палми.

 

Scroll to Top