Гумените играчки се опасни, потврдија научниците

Швајцарските и американските научници открија дека гумените играчки со кои се бањаат децата се полни со бактерии. Тие направиле истражување на гумени жолти пајчиња со кои си играат децата во кадата.

Истражувачите ги пребројувале микробите што пливале внатре во жолтото пајче и рекле дека течноста што се исцедила содржела „потенцијално патогени бактерии” во четири од петте проверени играчки. Пронајдените бактерии, вклучувајќи ги и легионела и псеудомонас аеругиноса, се бактерии кои често се поврзуваат со болнички инфекции.

Научниците биле изненадени од многу големата количина од 75 милиони клетки по квадратен сантиметар и разни други бактерии и габи кај пајчињата. Додека одредени количини на бактерии можат да помогнат во зајакнување на имунолошкиот систем на децата, некои може да доведат до инфекции на окото, увото и дебелото црево, велат истражувачите.

Студијата ја спроведе Швајцарскиот сојузен институт за наука и технологија за вода и Универзитетот во Илиноис, а беше објавен во списанието Biofilms and Microbiomes.

 

Scroll to Top