Хари од принцезата Дајана наследил 10 милиони фунти

Хари од неговата мајка, поранешната принцеза Дајана, наследил 10 милиони фунти. Тој во интервјуто со славната американска водителка Опра Винфри откри дека кралското семејство престанало да ги финансира него и неговата сопруга Меган Маркл, откако заминале во САД.

Тие биле обезбедени благодарение на договорите кои ги направиле со „Нетфликс“ и „Спотфај“, но, и парите кои им ги оставила неговата покојна мајка, Дајана. Хари парите ги добил кога наполнил 30 години. Дел од нејзиното богатство добил и принцот Вилијам, но и нејзиниот батлер Пол Бурел.

Откако Дајана се развела од принцот Чарлс, таа добила и вреден накит и акции, а сето тоа по нејзината смрт им припаднало на синовите.

Scroll to Top