Холандскиот тинејџер што ќе лета со Џеф Безос ќе стане најмладата личност во вселената

Холандски тинејџер Оливер Даемен, кој денес ќе летне во вселената со Џеф Безос, ќе стане  стане најмладата личност што заминала во вселената. Тој ќе полета од пустина во западен Тексас, а патувањето до работ на вселената ќе трае 11 минути.

Тој треба да полета со ракетата New Shepard заедно со најбогатиот човек на светот, со неговиот брат Марк и 82-годишната Воли Фанк, која, пак, ќе стане најстарата личност во вселената.

18-годишен студент по физика, ќе лета на местото на анонимниот понудувач, кој на јавна лицитација го доби последното место на овој лет, а за тоа полати 28 милиони долари. Од компанијата Blue Origin, велат дека човекот, чиј идентитет за сега не се откривам ќе се качи на идниот лет.

(Во живо) Џеф Безос полетува во вселената во друштво на тинејџер и 82-годишна жена

Scroll to Top