(Во живо) Џеф Безос полетува во вселената во друштво на тинејџер и 82-годишна жена

Најбогатиот човек на светот, американскиот милијардер Џеф Безос, денес ќе патува во вселената со ракетата New Shepard на својата компанија Blue Origin, како дел од екипажот од историскиот суборбитален лет што претставува почеток на новата ера на приватните вселенски патувања.

Тој ќе полета од пустина во западен Тексас, а патувањето до работ на вселената ќе трае 11 минути.

Британскиот ривал на Безос, Ричард Брансон, пред девет дена, беше дел од успешниот лет во вселената на Virgin Galactic. Иако тој прв пристигна во вселената, сепак Безос ќе одлета подалеку, односно ќе се издигне на 100 километри од површината на Земјата, додека Брансон се искачи на 86 километри.

На денешното патувањето, покрај Безос, ќе отпатуваат и Воли Фанк (82), која ќе стане најстарата личност што некогаш патувала во вселената. Додека холандскиот тинејџер Оливер Даемен (18) ќе стане најмладиот астронаут, а воедно е и првиот патник кој платил за патувањето со Blue Origin.

Четвртиот член на екипажот е Марк, братот на Џеф Безос, финансиер кој управува со семејната фондација „Безос“ и волонтира како пожарникар.

Патувањето можете да го погледнете во живо на следниот линк:

 

Scroll to Top