„Хомо“ на Игор Иванов – Изи го отвори филмскиот фестивал во Варна

Со филмот на македонскиот режисер Игор Иванов – Изи, „Хомо“, беше отворен 39. Фестивал на бугарски игран филм „Златна роза“. Филмот е во македонско-бугарска копродукција, а беше прикажан под името „Само луѓе“.

Пред неколку дена филмот на Иванов беше претставен и на филмскиот фестивал во Софија.

На крајот на Софискиот филмски фестивал ќе биде прикажан филмот на Милчо Манчевски, „Пред дождот“, кој освои „Златен лав“ во Венеција во 1994 година, а беше номиниран за Оскар во 1995 година за најдобар филм на странски јазици.

Scroll to Top