Хорор-филм на Би-би-си натера момче да се самоубие

By

Пред 25 години Би-би-си емитувал хорор-емисија поради која за само една вечер добил над десетина илјади тужби. Ghostwatch првпат се емитувла на Би-би-си на Ноќта на вештерките во 1992 година. Овој хорор-филм е претставен како телевизиски извештај во живо, а наводно поради него, едно момче извршило самоубиство.

Овој филм претставува истрага за натприродните појави што се случувале во една семејна куќа. Истата вечер во централата на Би-би-си стигнале дури 30.000 тужби.

Многу луѓе мислеле дека тоа што го гледаат било реално, а некои родители рекле дека не можеле да ги симрат своите деца по гледањето на филмот.

Би-би-си известил дека Ghostwatch изгледала како вистински телевизиски извештај, а особено улогата овде ја имале познати презентери на вести, кои гледачите ги воделе низ страшни појави внатре во една куќа.

Овој филм бил вистински пионер на полето на хорор-филмовите, а седум години подоцна се појавува и „Вештицата од Блер“, пренесува британски „Сан“.

Многумина ваквиот филм го карактеризирале како страшен во деведесетте минути колку што траело прикажувањето. Гледачите можеле да видат како духот го тероризира домот, а мајката изјавила дека повеќе пати се слушале чудни звуци.

 

На крајот на програмата духот Pipes од проколнатата куќа доаѓа во студиото каде што ја напаѓа домаќинката и зазема друга за да ја преземе контролата над ТВ-каналот.

Овој филм е означен како главен виновник за неколку случаи на пострамаутско нарушување кај децата, како и за трагичната смрт на еден млад човек.

Мартин Денхам (18), работник во фабрика за луѓе со тешкотии во учењето, се самоубил пет дена од емитувањето на Ghostwatch во 1992 година.

Мајка му и очувот велат дека Мартин бил како хипнотизиран и опседнат со оваа програма, а наводно бил убеден и дека духовите се наоѓаат во неговиот дом.

Момчето пред самоубиството оставило порака: „Ако духовите навистина постојат, ќе бидат со тебе секогаш“.

 

 

Поради тврдењето дека нивниот син поради таа програма сторил самоубиство, семејството се жалело до Комисијата за радиодифузни стандарди.

Во пресудата стоело дека Би-би-си бил должен да ги извести своите гледачи дека програмата нема врска со никаков реален настан.

„Во Ghostwatch намертно сакале да прикажат опасност“, стои во соопштението“, пренесува британски „Сан“.

Би-би-си се извинил поради ваквиот пропус и повеќе никогаш не емитувал филм на телевизија, а ДВД-то излегло во 2002 година.

 

 

Ќе ви се допадне