Хороскоп за 4 септември: Близнаците среќни во љубовта, лавот незадоволен на работа

Овен

Денеска ќе ја прифатите секоја обврска што ќе ви биде понудена, воопшто нема да бидете мрзеливи. На љубовното поле ќе бидете склони кон љубовни изливи, единствено треба да се обидете да го контролиранте бесот.

Бик

Поради вашата позитивна енергија денес ќе ве очекува убава соработка со вашите колеги, а околу вас ќе се најдат токму такви луѓе какви што ви се потребни. Кога станува збор за љубовта, постојано се случува нешто што нема да ви се допаѓа.

Близнаци

Денес ќе сакате сè да завршите како што треба, но ќе бидете свесни дека тоа е само желба, а не и реалност. На љубовен план, ќе делувате сосема задоволни, едвај ќе чекате да бидете во прегратката на саканата личност.

Рак

Бидете претпазливи на работата и не избрзувајте со договорите за кои не сте сигурни ниту на почетокот. На љубовен план, не казнувајте ја сакната личност поради вашата ниска самодоверба, тој проблем мора да си го решите самите со себе.

Лав

На работата сакате да напредувате, меѓутоа постојано се наоѓате во исто место, без никакви промени. Можеби треба да направите некои чекори и надвор од конфорната зона и на љубовното поле и на професионалното. Работите не се менуваат сами по себе.

Девица

Вие го немате луксузот на работата да можете да функционирате самостојно, па затоа денес ќе се насочите кон склучување договор со колегите. Тие се оние кои можат да ви понудат поголема перспектива во моментот. На љубовно поле, чувствувате дека вашиот партнер нешто ви премолчува.

Вага

Денеска потпрете се и на вашите колеги, затоа што ќе ви недостига сила за сè да завршите. Вие имате потреба да се одморите. На љубовен план се чувствувате убаво во нечие друштво, меѓутоа знаете дека тоа не е правилно.

Скорпија

Вашите креативни идеи ќе ви помогнат побрзо да ги завршите обврските, па затоа цел ден ќе имате насмевка на лицето, оти ќе се чувствувате како победник. Не дозволувајте на другите да ви ја расипуваат сликата за љубовта, затоа што незаљубените никогаш нема да можат да ги гледаат работите како заљубените.

Стрелец

Имате многу обврски и се плашите дека нема да успеете да завршите голем дел од нив. Најважно е рационално да почнете да го трошите времето, за да постигнете сè што е потребно за да го завршите работниот ден. На љубовно поле, како да почнувате да губите интерес за некоја личност.

Јарец

На работата за да го постигнете она што го сакате, обидете се да не посветувате внимание на небитни работи, за да можете побрзо да го завршите зацртаното. На љубовен план, чувствувате љубовен занес, но не за личноста за која мислите дека ја сакате.

Водолија

Едвај ќе чекате да заврши работниот ден за да земете здив од работите коишто ви се случуваат во последно време. На љубовен план, партнерот ќе ви замери затоа што секој план кој ќе го направите останува само на идеја, затоа што вие или немате време или немате сила.

Риби

Делувате привлечно и шармантно на работата, искористете ги тие предности за полесно да ги завршите работните обврски. На љубовно поле, емотивното, интелектуалното и страственото го барате, но добивате нешто сосема поинаку. Можеби проблемот е и кај вас, размислете.

Scroll to Top