Хороскопски знаци кои најчесто развиваат ментални болести

Животниот стил и карактерните особини на овие знаци обично доведуваат до психички болести.

Астролозите тврдат дека некои хороскопски знаци се посклони кон ментални болести во однос на сите останати.

Тоа се овие четири знаци:

Овен

Најслабите делови на телото кај личностите родени во знакот на Овенот се главата, мозокот, очите, носот, вилицата, циркулацијата, срцето, бубрезите и репродуктивните органи. Овните имаат навиката својата енергија да ја трошат неконтролирано, па се подложни на повреди, воспаленија, акутни инфекции, повисока температура и полоша крвна слика, но и кон менталните болести. Најмногу им годи свежиот воздух, престојот покрај море или било која вода. За нив тоа е најдобар лек.

Близнаци

Деловите на телото кои се во најголем ризик кај Близнаците се рамената, рацете, прстите, белите дробови, штитната жлезда, а особено чувствителен е и нервниот систем. Склони се кон бронхитис и астма, но и кон неврози и воспаленија на мозокот. Најдобар лек за Близнаците е балансираната исхрана и активност која ослободува од ментален стрес.

Рак

Раковите се родени гурмани, па дигестивните органи секогаш им се слаба точка, а мораат да внимаваат и на белите дробови и црниот дроб, кои исто така се доста чувствителни. Раковите исклучително ги погодува сето она што се случува околу нив, што се огледува во нивната емоционална состојба и нарушувањата кои на крајот можат да се развијат покрај неа. Доста се склони кон депресија, хистерија и наследни ментални болести. Најдобро закрепнуваат на планински воздух опкружени со саканите личности.

Водолија

Екстремитетите, срцето, крвотокот и респираторниот тракт се слабата точка на Водолијата, а особено чувствителен е мозокот. За овој знак типични болести се анемија, заболени крвни садови, мигрени, но и невралгија и ментални нарушувања. За добро физичко и ментално здравје, Водолијата мора да јаде многу месо, витамини и минерали, како и да јаде редовно. Организмот на Водолијата одлично одговара на билките и хомеопатските лекови, а најдобар лек за нив е долгиот и квалитетен сон.

Scroll to Top