Хороскопски знаци кои најдобро си одговараат за врска

By

Има многу различни предуслови и критериуми според кои некој нѐ привлекува или сакаме да бидеме во врска со него или неа. Сепак, во некои врски и ѕвездите имаат замешано прсти.

Сите хороскопски знаци имаат свои специфични карактеристики што ги прават привлечни за другите и иако комбинацијата со друг знак има потенцијал да успее, крајниот исход секако зависи од самите луѓе. Ги групиравме хороскопските знаци во двојки според нивните карактеристики и разгледавме кои знаци се најкомпатибилни со нив и зошто.

Заводници: ЛАВ и ВАГА

Свесни сте за своите квалитети, но за да бидете целосно задоволни потребна ви е потврда дека и другите го мислат истото – да ве ценат и да ве сметаат за посебни. Со вашиот шарм и духовитост привлекувате внимание, секогаш сте барем малку заводливи и сакате да бидете посакувани. Пребирливи сте во изборот на партнер, сакате префинетост, „паѓате“ на добар физички изглед.

Ви одговараат: стрелец, близнаци и водолија. Овенот можеби не ги исполнува секогаш вашите критериуми, но припадниците на овој знак ќе ве опсипат со вниманието што ви е потребно. Кај бикот ве привлекува сензуалноста, а кога станува збор за таинствените риби, рак и скорпија, не знаете што точно сакаат. Јарците не ви се доволно гламурозни, но ви одговараат девиците на кои секогаш можете да се потпрете.

Истражувачи: БЛИЗНАЦИ и ВОДОЛИЈА

Ве привлекуваат весели, спонтани и нежни партнери, но кога ќе дојде до „главното“ знаете да се повлечете. Сѐ додека партнерот е способен да ве насмее и да ве изненади, ќе бидете подготвени да ги пуштите кочниците и да се препуштите на уживањето.

Ве одушевува директниот стил на овните и стрелците. Вагата и лавот можат лесно да ве заведат и вие сакате да се пуштате во флерт со нив. По малку ве збунува таинственоста на ракот и скорпијата, кои токму поради тоа ви се интересни и привлечни. Јарецот и девицата не знаат како да ви ја разгорат фантазијата, но рибите знаат многу добро. Биковите се лежерни и можеби не се доволно голем предизвик за вас, но има што да научите од нив.

Освојувачи: ОВЕН и СТРЕЛЕЦ

Самосвесни и директни, вие сте луѓе кои точно знаат што бараат и директни сте во својот настап. Знаете да бидете многу романтични, но вашата продорност ги плаши повеќето луѓе. Кога ќе наидете на отпор тоа само дополнително ве возбудува и интригира. Секоаш ќе ве привлекуваат нови предизвици и затоа спаѓате во групата на големите освојувачи.

Лесно ќе ги освоите близнаците, водолиите и лавовите. Вагата и девицата може да си мислат дека сте премногу директни. Бикот и скорпијата одговараат на вашата страстна природа, но не и на вашата нетрпеливост. Јарците нема да ги разочарате, додека за рибите и ракот вашиот стил е малку претеран, па вешто ќе ви се оттргнуваат.

Стабилни: ДЕВИЦА и ЈАРЕЦ

Директни сте, едноставни и ефикасни. Човек може да се потпре на вас, дискретни сте и не грабате напред по нови доживувања. Додека јарците ги привлекуваат моќни партнери со доза авторитет, Девиците сакаат да удоволуваат и водат сметка за желбите на саканите.

Најмногу ви одговараат бикови и скорпии, дискретните ракови и риби, иако понекогаш кај нив ве загрижува тоа што се пречувствителни. Ви се допаа директноста на овенот и на стрелецот, но нема лесно да им се предадете. Лавовите и вагите не можат лесно да ве импресионираат, а близнаците и водолиите ви се чини дека се похрабри на зборови отколку на дела.

Емотивни: РАК и РИБИ

Нежни сте, внимателни и претпазливи, но и по малку конзервативни. Вашата таинственост делува заводливо. Ретко се впуштате во врски кои не се длабоко емотивни. Никогаш нема директно да тргнете кон она што го сакате. Вам ви треба некој да ве убедува, заведува и освојува.

Ги сакате стабилните јарци, девици и бикови и одлично се согласувате со скорпиите. Од овните и стрелците се држите на страна бидејќи сметате дека може лесно да ве повредат. Не ви одговараат љубопитните близнаци, ваги и водолии. Привлечна ви е романтичноста на лавот, но неговиот заводнички стил ви е премногу нападен.

Сензуални: БИК и СКОРПИЈА

Вашата сензуалност и интензивни емоции ве прават исклучителни партнери. Физичкиот допир и нежноста ви се исклучително важни. Не се плашите да ги следите своите нагони, а притоа да останете дискретни и по малку таинствени.

Сакате стабилни партнери како јарци и девици кои добро ги разбираат вашите потреби, додека со рак и риби можете да се препуштите на уживања. Близнаците и водолиите се малку површни за ваш вкус, а овенот и стрелецот ви се интересни поради директноста и отвореноста, иако се малку нестрпливи. Отпорни сте на заводливоста на вагите и лавовите и повеќе ви се допаѓа идејата вие да ги заведете нив.

Ќе ви се допадне

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro

Watch D.N.Angel (Dub) Episode 26

WCOStream: Puni Puni Poemy anime episode 2 online free at https://wcostream.cc watch anime free

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD

Sites google: https://sites.google.com/view/gogoanimebe/

Tickaroo: https://www.tickaroo.com/user/60d445be0b36225a07442aaf