Иако на повеќето луѓе не им е лесно да го преболат раскинувањето со партнерот, астролозите велат дека три хороскопски знаци многу потешко од останатите се помируваат со крајот на љубовната врска.
Стрелец
И покрај фактот дека луѓето родени во овој хороскопски знак тешко влегуваат во сериозна врска, откако ќе се предадат на одредена личност, ним им треба многу долг период за да се соземат од раскинувњето. Тие често ги споредуваат новите потенцијални партнери со поранешните.
Рак
На раковите раскинувањето им паѓа најтешко. Покрај тоа што неверојатно многу се приврзани кон поранешниот партнер, тие имаат тенденција да ги идеализираат сите аспекти на животот, така што ова нарушување на нивната замислена идилата им паѓа исклучително тешко.
Лав
На луѓето родени во знакот на лав им е многу тешко да влегуваат во врски и не сакаат да ги менуваат партнерите често. Меѓутоа, откако ќе пронајдат љубов, тие се подготвени навистина да се потрудат околу партнерот. Поради ова, раскинувањата за нив се многу тешки и по истите, тешко влегуваат во нова љубовна врска.