Астролозите велат дека можат да откријат дали е некој лош возач според неговиот хороскопски знак. Тие велат хороскопсиот знак влијае на нашите возачки способности.
Едно американското истражување спроведено на 100.000 учесници покажало дека најмногу казни добиваат возачите родени во хороскопските знаци риба, овен, водолија, јарец и вага.
Најмалку казни добиле девиците, стрелците и близнаците. Вагите учествувале во најголем број на сообраќајни несреќи. Потоа следат скорпиите, јарците, овните и водолиите. Во најмалку несреќи учествувале близнаците, раковите и лавовите.
Знаците подолу се подредени од најлошите кон подобрите возачи.
Вага
Вагата важи за рамнотежен знак и не сака да носи одлуки на брзина. Тоа не е добра карактеристика за возење, затоа што зад воланот често треба брзо да се реагира.
Водолија
Иако спаѓа во воздушни знаци, водолијата речиси е дијаметрално спротивна од вагата. Додека Вагата не сака да одлучува на брзина, водолијата е доста имплусивна. Дополнително на тоа е фактот што со неа управува Уран, планета чии карактеристики се брзината и немирот.
Затоа Водолијата не е најбезбеден учесник во сообраќајот.
Овен
Овенот е егоцентричен знак и главно мисли само на себе, а има тенденција и да се прецени пред да ги провери каква им е намерата на другите возачи.
Риби
Рибите не се силовити како овните. Повеќе се сонувачи и голем дел од времето го минуваат сонувајќи. Возењето бара целосна концентрација, нешто што голем дел од рибите го немаат.
Скорпија
Скорпиите имаат тенденција да полудат по патот. Ова има врска со нивниот инстинкт за одмазда кон оние што им нанеле штета. Ако ги отсечете, веројатно ќе ве следат за да ви го сторат истото.
Бик
Бикот страда од слични проблеми како и другиот животински знак, овенот. Знае да тера по свое, а поради таа тврдоглавост, има тенденција да помине на црвено светло.
Стрелец
Стрелците сакаат да ризикуваат. За среќа, искусни се во тоа, но исто така сакаат да зборуваат, така што често можете да видите стрелец како телефонира додека вози, а добро е познато колку тоа може да биде опасно.
Јарец
Јарците често се насочени кон некаква цел што значи дека повеќе размислуваат за крајната дестинација, отколку за тоа како да стигнат до таму. Многу мислат дека сообраќајните правила се напишани за другите возачи, а не за нив.
Девица
Девиците се многу детални и систематични и секогаш се држат до прописите за брзина и не им е тешко да згазнат на кочницата. Единствено што можат да предизвикат е колона возила позади нив.
Рак
Овој воден знак е предодреден за семеен живот, дури и на останатите учесници во сообраќајот, гледа како на членови на своето проширено семејство. Но, раковите се многу нерасположени и може да се случи сосема непотребно да ви свират на патот.
Близнаци
Близнаците се одлични во извршувањето на повеќе работи наеднаш, па се способни за време на возењето да се шминкаат, да ги менуваат радио станиците и пијат кафе, но тоа никако не би смеело да го прават додека возат.
Лав
Огнените лавови се великодушни и сакаат да ја делат улицата со останатите возачи, а можеби и баш нивното големо его ги тера да бидат најдобрите возачи.