Хороскопски знаци што најмногу изневеруваат

На некои мажи тешко може да им верувате дури и кога ќе се заколнат дека не ве изневериле, тврдат астролозите. И иако изневерувањето е поврзано со карактерот и хороскопскиот знак има голема улога. Два знака изневеруваат повеќе од останатите.

Рак

Тие се посебни мажи кои во повеќето случаи е тешко да ги разберете. Ретко споделуваат што мислат и чувствуваат, често не се подготвени да имаат сериозни односи и не се склони кон компромиси дури ни кога ќе се заљубат. Полесно им е да изневерат, отколку да се објаснуваат.

Јарец 

Тврдоглави во сè, но дури и кога се во хармонична врска. На нивниот партнер им е тешко да комуницира со нив зашто не кажуваат што им се врти во главата. И додека се забавуваат со една жена, комуницираат со уште барем две и прават планови како да ги избалансираат трите. Неверството не го признаваат ни кога ќе ги фатат на дело.

Scroll to Top