Хотел во Англија од 12 век опседнат од духови

Етингтон парк е градба изградена во 12. век во Англија. Во моментов е хотел, кој велат, е опседнат од духови. Одамна во земјата се шират гласини дека ова е проколната градба, но, тоа е вистински магнет за гостите кои сакаат да доживеат необични искуства.

Се раскажува дека се слушале чекори во празните соби, луѓе зборуваат за лебдечки привиди кои гледаат низ прозорците, велат и дека слушаат звуци на топки за билијар кои се судираат во празна библиотека, а дека во хотелот живее дух на постара жена и дух на извесна Мери која работела како слугинка.

 

Хотелот бил во сопственост на едно семејство до 1912 година, но оттогаш до 1935 година неколку пати ги менувал сопствениците. Кусо време бил и дом за пензионери. Во Втората светска војна имотот станал затвор за италијанските воени заробеници, а по војната станал ноќен клуб.

Градабата во 1979 година ја зафатил пожар, но имотот е реставриран и од 1983 година функционира како хотел.

 

Scroll to Top