Храна што може да ви го спаси животот во случај на трета светска војна

Поради тоа што американскиот претседател Доналд Трамп со порака на „Твитер“ ѝ се закани на Русија, а потоа наредил и воздушен напад врз Сирија, повторно почнаа да се споменуваат опасностите од трета светска војна, а луѓето почнале да се подготвуваат за најлошото.

Освен што веројатно ќе сакате да се најдете на некоја безбедна локација, важно е да знаете како да ги подготвите резервите за храна во случај на недостиг.

Важно е да процените колку храна на дневна база ви е потребно за секој член на семејството и да се осигурите дека има доволно, а важно е и да се погрижите таа да биде разновидна. Тоа веројатно нема да ви изгледа толку важно, но во таква ситуација не сакате дополнително да ги мачите членовите на вашето семејство терајќи ги да јадат секој ден иста храна.

Исто така, изберете храна што лесно се јаде директно од пакувањето и која не бара дополнителна техничка преработка.

Еве кои продукти би требало да се најдат кај секого во резервите за итни случаи.

  1. Конзервирана туна или лосос
  2. Кафеав ориз
  3. Грав
  4. Ореви
  5. Путер од кикиритки
  6. Чоколади
  7. Сушено месо
  8. Инстант-кафе

 

 

Scroll to Top