Хрватите го запалија најубавиот остров на Јадранот

На хрватскиот остров Галешњак, познат по тоа што има облик на срце, избил пожар, откако на него пристигнале 100 лица со бали, со цел да и дадат поддршка на националната фудбалска селекција во пресрет на денешниот четвртфинален мечн на Светското првенство меѓу Русија и Хрватска.

Јавните противпожарни служби во Задар потврдиле дека во моментите на избивање на пожарот на островот, се наоѓале околу 100 луѓео кои успешно биле евакуирани, пренесува порталот морски.хр.

Од полицијата во Задар, соопштиле дека пожарот многу брзо бил изгаснат.

„Во тек е идентификацијата на одговорните лица кои и се познати на полицијата. За среќа во пожарот нема повредени“, велат од полицијата.

policiji.

Навивачите на островот пристигнале на повик на една група на Фејсбук, се со цел да им дадат поддршка на хрватската фудбалска репрезентација.

„Неверојано но вистинито. Некој повикал повеќе од 100 лица да држат запалени бакли во островот преполн со шума. И тоа за време на сезона на пожари. Вистинска среќа е што учесниците по овој настан се евакуирани на време и дкеа никој не настрадал“, пренесуваат медиумите.

 

 

Scroll to Top