Иако Украина се буни, Русија ќе настапи на Евровизија

На Русија ќе ѝ биде дозволено да се натпреварува на годинашниот Евросонг и покрај инвазијата која Владимир Путин ја изврши над Украина. Организаторите во Италија ќе ги примат пејачите од Русија и Украина на музичкиот фестивал кој ќе се одржи на 22 мај, пренесе Sky News.

„Евровизија е неполитички културен настан кој ги обединува нациите и ја слави различноста низ музиката, но се разбира дека ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата“, рекоа тие.

Украинската државна телевизија UA:PBC ја повика Европската радиодифузна унија (EBU) која го организира натпреварувањето, да ја суспендира Русија и да ѝ забрани да учествува на годинашната Евровизија.

UA:PBC тврди дека руската телевизиска мрежа е гласникот на Кремљ и клучното орудие со кое Русија создава политичка пропаганда и шири дезинформации против Украина.

„Тоа е спротивно на вредностите кои EBU ги претставува“, рекоа од украинската телевизија.

Повиците за да ѝ се забрани на Русија учество на Евровизија почнаа да доаѓаат откако силите на Кремљ ја превземаа контролата над поранешната нуклеарна електрана Чернобил, која се наоѓа на само 160 километри од главниот украински град Киев.

За потсетување, минатата недела украинската пејачка Алина Паш мораше да се повлече од натпреварувањето, откако претходно била темелно испрашана од украинските служби. Тие добиле сознанија дека таа го посетила Крим, област која Русија ја окупираше во 2015 година.

Прво Паш беше одбрана да ја претставува Украина со песната Shadows of Foreign Ancestors. Украина смета дека е нелегално да се посети Крим преку границата на Русија.

Досега нема никакви сознанија и докази дека Паш влегла во Крим преку Русија, но и покрај тоа, Украинците донесоа одлуката место неа да ја пратат рап групата оркестарот „Калуш“ со песната „Стефанија“.

Русија сè уште нема објавено со која песна ќе се претстави на Евросонг. Во 2017 година, кога Евросонг се одржа во Киев, на руската пејачка Јулија Самојлова ѝ беше забрането да учествува.
Таа наводно истотака била во посета на Крим, без да влезе преку границите на Украина.

Руската телевизија Channel One тогаш објави дека нема да ја пренесува Евровизија.

Таа ги отфрлила предлозите на EBU, за Самојлова да може да настапи преку видело линк кој би се обезбедил преку сателит од Рисија, или да биде заменета со друга натпреварувачка.

За потетување, 66. натпреварување на Евровизија ќе се одржи годинава во Италија, во Торино, откако рок бендот Maneskin победи на минатогодишниот Евросонг.

 

Scroll to Top