Фантастичниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ повторно им покажал на Американците дека е голем шоумен. Популарниот Ибра бил гостин кај водителот Џејмс Корден во прочуената хумористична емисија Late Late Sou и со својата смисла за хумор ги насмеа гледачите ширум Америка.
Водителот го замоли да ја прокоментира статуата со неговиот лик во Шведска.
„Чувството е добро. Навистина изгледа моќно и ми се допаѓа. Огромна е, онака како што треба да биде. Имаше некои несогласувања со скулпторот затоа што сакаше да бидам гол, но јас го одбив“, изјавил Златан Ибрахимовиќ.
Корден потоа ја покажал статуата на Роналдо во Мадеири и го замолил Обрахимовиќ да каже што мисли за тоа „уметничко дело“.
the statue in Portugal dedicated to Cristiano Ronaldo is literally the funniest thing I have ever seen in my life pic.twitter.com/N6G1tiWmmH
— anna sun ❁ (@anna_ayalaa) 2 May 2018
„Што би направил кога твојата статуа би испаднала како на Роналдо. Што би му рекол на скулптурот?“, го прашал водителот Ибрахимовиќ.
„Би го отпуштил. Би му рекол дека нема повеќе работа“, изјавил Ибра.