Илон Маск го повика Владимир Путин на онлајн-муабет

Илон Маск го праша рускиот претседател Владимир Путин дали би бил заинтересиран да разговара со него на аудиоплатформата за социјални медиуми Клабхаус, предизвикувајќи возбуда и шпекулации за потенцијалната дискусија.

Во саботата извршниот директор на Тесла и во моментов најбогат човек во светот упати твит до официјалниот профил на претседателот на Русија, прашувајќи: „Дали би сакале да ми се придружите на разговор на Клабхаус?“

Маск додаде на руски јазик: „Би ми било голема чест да зборувам со вас“. Сепак, тој не прецизираше кој јазик би се користел во предложениот разговор. Освен својот мајчин јазик, Путин зборува течен германски и „разумно добар“ англиски јазик, вели РТ.

Сè уште нема реакција од Кремљ на поканата, но добро е познато дека Путин не користи интернет, кој го смета за „проект на ЦИА“.

Клабхаус е платформа за социјални медиуми само со покани, која користи аудио наместо текст. Иако апликацијата дозволува приватни разговори, Клабхаус исто така беше домаќин на големи настани слични на конференции, за време на кои луѓето може да се вклучат за да слушаат разговори помеѓу познати личности.

Понудата на Маск предизвика сензација на социјалните мрежи, при што луѓето изразуваа поддршка за предлогот и погодуваа за што би зборувале тие двајца.

 

 

Scroll to Top