Илон Маск ја напушта силициумската долина

Првиот човек на компанијата „Тесла“ и „Спејс Х“, Илон Маск, уште во мај годинава најави дека производителот на електрични возила би можел да ги премести своите HQ и идни програми во градот Невада во Тексас.

Таа идеја изгледа е сè поблиску до реализација бидејќи Маск предвидува лоша иднина за силициумската долина, односно за Калифорнија, каде што во моментот се наоѓа седиштето на неговата компанија.

Како што вели Маск, технолошкото жариште би можело да го изгуби своето влијание во светот. Маск смета дека Калифорнија има преголемо влијание во светот, но дека нејзината сила сега опаѓа.

Засега е познато само тоа дека компанијата „Тесла“ својата нова фабрика ќе ја гради во Остин во Тексас, а „Спејс X“ веќе има свои постројки во таа сојузна држава.

„Животот во Калифорнија не значи и одлично трошење на моето време“, изјавил Маск во едно од своите интервјуа.

Републиканскиот сенатор Тед Круз, кој го претставува Тексас, ја поздравил оваа идеја на Маск преку „Твитер“. Тој напишал дека Тексас ја обожава неговата работа и дека ќе им биде задоволство Маск да дојде токму кај нив.

Со оглед на статусот што го стекнал овој Американец заедно со неговите компании, јасно е дека тој сега може да избира каде сака да живее и работи, без никаков страв дека неговите бизниси нема да добијат значење ако се изолирани од центарот на случувањата на настаните.

Имено, силициумската долина почнала да биде товар за голем број компании и шефови поради високите трошоци за живот, но и изразените стапки на криминал.

Уште една компанија минатата недела најави дека ќе го напушти овој дел на САД. Hewlett Packard планира исто така да се пресели во Тексас, и тоа во градот Хјустон.

 

Scroll to Top