Според процените на агенцијата „Блумберг“, Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот, пишува британски „Телеграф“. Сопственикот на „Тесла“ изгубил 15 милијарди долари за еден ден.
Маск ги изгубил милијардите поради падот на вредноста на биткоинот по што се намали вредноста на неговото нето-богатство.
Акциите на „Тесла“, која произведува електрични автомобили, вчера паднаа повеќе од 20 %, повлечени од падот на цената на биткоинот на 45.000 долари.
Губитокот на Маск доаѓа само две недели откога од „Тесла“ објавија дека нивната сметка и биланс е зголемен 1,5 милијарда долари во биткоин.