Илон Маск сака да го користи воздухот како гориво за вселенските патувања

Илон Маск е на чекор да го претвори воздухот во гориво кое ќе го користи за неговите вселенски патувања. Тој веќе започна со програмата за издвојување на јаглерод-диоксид од атмосферата за употреба на ракетно гориво.

Маск рече дека овој проект ќе биде од витално значење за патувањето на Марс, каде атмосферскиот јаглен-диоксид е единствениот ресурс кој може да се користи за безбедно враќање од Црвената планета.

„’Спејс-икс’ ќе покрене програма за претворање на CO2 од атмосферата во ракетно гориво. Ако сте заинтересирани придружете ни се“, рече Маск, кој доби голема поддршка од фановите, но имаше и такви кои го критикуваат..

Голем дел од луѓето се загрижени и за штетата која ваквите мисии можат да и ја нанесат на атмосферата.

Scroll to Top