Имигранти земаат Чехинки за жени за да можат да живеат во Германија

Чешката централа за борба против организиран криминал, во својот извештај за минатата година предупредила за се помасовните склучени лажни бракови меѓу Чехинки со Косовци и Турци.

Ваквите бракови од централата велат дека се случуваат се со цел на младоженците им биде обзбеден престој во Германија, или да средат германските власти да се откажат од нивната депортација. Како што пренесуваат српските медиуми, за ваквите венчавки, мажите се подготвени да платат и сума од 1000 евра, до 10.000 евра.

„Се разбира тоа се луѓе кои имаат добиено решение за депортација. Со бракот тие сакаат да го легализираат својот брак. Понуда добив од чешки посредник кој бара девојки. Добив сума на пари со петцифрена бројка“, вели една девојка од Чешка, која минатата година вели дека направила лажна венчавка во Франкфурт.

Полицијата во Чешка ги има заострено мерките во последните неколку години за проверка на браковите во оваа земја. На годишно ниво се откриени помеѓу 70 и 150 вакви лажни бракови, склопени од странец, со цел да добие одобрение за престој.

Од Централата во Чешка за борба против организиран криминал, велат дека бизнисот со лажни бракови се преселил и цвета и во старите членки на Европската унија.

„Склопувањето на лажни бракови во други земји во ЕУ е нов тренд. Група на криминалци договараат наменски бракови пред се за државјаните на Турција. Не е лесно да се докажат ваквиот вид на кривични дела, затоа што жените во странство не ги земаат и венчаат на сила. Напротив, за брачните услуги девојките добиваат големи суми на пари. Често жените остануваат на територијата на тие држави на ЕУ, каде работат како проститутки во еротски клубови“, се вели во извештајот на Чешката централа за борба против организиран криминал за 2018 година.

Досега најголемата мрежа на измами со лажни бракови помеѓу Чехинки и нелегални имигранти, чешката полиција во соработка со нејзините германски колеги, го откри минатата година, кога уапсила четири девојки од Чешка и граѓани на Косово. Според сознанијата на германската полиција и нивните истраги, се откриени неколку стотина лажни бракови помеѓу овие државјани, со цел да обезбедат престој во Германија.

„На Чехинките формално им е обезбедена работа и престој во Германија, а нивните сопрузи на основа на фиктивни бракови направени на Косово, бараат престој во Германија“, вели портпаролот на Централата за борба против организираниот криминал Јарослав Ибехај.

Чехинките кои заработуваат и до 10.000 евра, не мораат да бидат загрижени за никакви казни, затоа што според чешките закони, за ваквите измами кривично можат да одговараат, само ако се направени во Чешка.

Scroll to Top