Индиски бизнисмен ги донирал парите за свадбата на ќерката во хуманитарни цели

Индискиот бизнисмен Аџај Манут решил парите наменети за свадбата на неговата ќерка да ги даде во хуманитарни цели. Тој одвоил 150.000 долари кои ги поделил на деведесет домаќинства во земјата за да им го олесни животот. Манут инсистирал парите да им бидат дадени на најзагрозените семејства во источниот дел на Индија.

Неговата ќерка се сложила со татковата одлука, а нејзиниот сопруг лично им ги предал клучевите од куќите на новите сопственици.

„Не можев да добијам поубав свадбен подарок“, изјави за АНИ Њјуз ќерката на бизнисменот.

Scroll to Top