Инспиративни идеи на скопјанец како есенва да го декорирате вашиот дом

Фотографиите од домот на скопјанецот Боро Секуловски, се вистинска инспирација за начинот на кој можете да го уредите вашиот ентериер. Есенските мотиви кои преовладуваат кај него, може да ви дадат идеи со кои и вие можете да го освежите вашето место на живеење.

Во неговиот дом преовладуваат декорации со перничиња со есенски мотиви и тикви до чинија со есенски колачиња и топол чај. Секуловски открива неколку тајни за совршена есенска атмосфера која може да се преслика во сечиј дом.

Извадете ги ќебињата, перниците и нека доминираат тонови како портокалово, кафеаво, жолто и бордо. Префрлете и по некој шал на стол или во плетена корпа.

Scroll to Top