„Инстаграм“ сега автоматски ќе го преведува текстот во Stories

„Инстаграм“ од 2016 година може да го преведува текстот во објавите и описите, а сега доби уште една слична можност.

„Инстаграм“ им понуди на корисниците опција за автоматски превод на текст како дел од стори- приказните. Секогаш кога ќе се детектира странски јазик во некоја објава, на корисникот ќе му биде прикажана опцијата See Translation во горниот лев агол на екранот. Корисниците може да ја допрат опцијата, а потоа во дното ќе се прикаже преводот на испишаниот текст. Новата опција ќе биде достапна во светот, а засега поддржува повеќе од 90 јазици.

За потсетување, „Инстаграм“ од 2016 година нуди автоматски превод на коментари, описи, биографии и објави на корисници. Аудиопреводот засега не е достапен, но се очекува и оваа опција.

Scroll to Top