„Инстаграм“ и „Снепчет“ ја отстранија опцијата за ставање GIF-ови на „приказните“ откако еден корисник открил расистички GIF што можел да се додаде. Опцијата за ставање GIF-ови беше лансирана на почетокот на годината, но веќе е тргната. Нивна корисничка објавила фотографии од навредувачката содржина на Твитер, на која го означила основачот на „Инстаграм“ Кевин Систром, барајќи ваквите GIF-ови да се отстранат.
Кога жената го напишала зборот Crime во пребарувачот, на екранот ѝ се појавил GIF со расистичка содржина. Ваквите GIF-ови се достапни за сите корисници, а во условите за користење е наведено дека содржините не смеат да бидат навредливи или вулгарни.
„Инстаграм“ и „Снепчет“ пуштија официјално соопштение во кое се вели дека привремено ја отстрануваат ваквата опција, сè додека не се направи детален преглед на содржината.