„Инстаграм“ воведува нова опција

„Инстаграм“ развива опција со која ќе им покажува на корисниците колку пати луѓе го посетиле нивниот профил во последните 7 дена. Информацијата за овие податоци ќе се појави на самиот врв на профилот и ќе биде многу воочлива. Апликацијата ќе ја покажува бројката на профили што го посетиле вашиот профил, ама нема да ги открива идентитетите на профилите.

Оваа нова функција ја забележал корисникот Мет Наваро, кој на „Твитер“ објави слика од „Инстаграм“ каде е покажано каде ќе стојат овие податоци. На врвот на екранот кај него пишувало „133 посети на профилот во последните 7 дена“.

Оваа функција е сѐ уште во развој, па засега не се појавува на профилот на сите корисници.

Scroll to Top