Инвазија на џиновски глувци во Шведска

Во последните неколку години инвазијата на глувци во Шведска не е повеќе новост. Сега вниманието на Швеѓаните во градот Гетеборг го сврте приказната за нивниот раст и големина.

Глувците се хранат со огромни количини органски отпад што го  фрлаат жителите на големите градови. Ова претставува голем проблем и за жителите во Гетеборг, град кој е втор по големина во државата.

Фотографијата која стана сензација на социјалните мрежи беше снимена од страна на чуварот на еден паркинг, Мартина Густафсон, која ја откри грдосијата.

Според нејзините зборови, таа и нејзиниот колега виделе две птици како се тепаат околу нешто. Кога се приближиле, биле шокирани од сликата на огромниот мртов глушец. Биле згрозени.

Глушецот бил пронајден во близина на казиното „Космопол“, во центарот на Гетеборг.

„Израснуваат во нешто застрашувачко, делумно поради тоа што копаат секаде, но и затоа што луѓето почнаа да фрлаат во ѓубрето сè и сешто. Луѓето од ресторанот фрлаат остатоци од храна, така што не е чудно што глувците сè повеќе растат“, вели Мартина Густафсон за шведскиот весник „Експресен“.

Густафсон вели дека еднаш видела како глувците јадат од кантата за ѓубре пред една сендвичарница.

„Опашката му беше заглавена, а беше толку дебел што не можеше да излезе од кантата. Морав да го отворам поклопецот, а тој побегна“, вели таа.

Scroll to Top