Оние кои во 1986 година, на берзата на акции решиле да ризикуваат и вложиле во компанијата „Мајкрософт“ сега се милионери, пренесуваат светските медиуми.
Компанијата прв пат ги понудила акциите на берзата на 13 март пред 32 години. Тогашната вредност на една акција изнесувала само 21 долар.
Денес нејзината вредност е пет пати повисока и изнесува 106 долари. Сите оние кои тогаш вложиле 1000 долари во акциите на оваа компанија сега се милионери.
Сегашната вредност на таквите инвестиции е повеќе од 1,600.000 долари. „Мајкрософт“ во 1975 година ја основале Бил Гејтс и Пол Ален.
Нивната желба била развој и продажба на програмски јазик, проектиран да биде едноставен за користење за компјутерот Altair 8800.
Преку почетната јавна понуда на компанијата во 1986 година и на нејзините цени на акциите, тројца луѓе станале милијардери, а 12.000 меѓу вработените во „Мајкрософт“, станале милионери.