Исчезна најголемиот глечер во светот, од топлите води се скршил на помали делови

Некогаш најголемиот глечер на светот А68, кој покриваше област од речиси 6000 квадратни километри, откако во 2017 година се одвои од Антарктикот, повеќе го нема овој статус.

Глечерот кој беше со големина на Велс, полека почна да се крши на помали делови и да исчезнува поради топлите води.

На сателитските снимки кои добиле во американскиот Национален центар за податоци за лед, се гледа дека ледот е разбиен на повеќе помали делови и дека не вреди повеќе да се следи истиот, пренесува „Би-би-си“.

А68 се одвои од Ларсон Ц, ледената област на работ на антарктичкиот полуостров и година дена главно беше во мирување. Потоа почнал да плови кон север и да забрзува поради силните струи и ветрови.
Глечерот кој е тежок милијарди тони, почнал да се движи кон Јужна Џорџија, британска островска територија во јужниот Атлантик, место каде се топат поголемиот дел од ледниците.
Овој глечер некако успеал да ја избегне ваквата судбина и наместо тоа, го проголтале топлите води и високите температури во воздухот во Атлантикот и го разбиле на делови.

“Неверојатно е како А68 издржал да не биде стопен толку долго. Тој се распаднал на четири, пет дела, а потоа тие делови се скршија на уште повеќе парчиња”, изјавил Адријан Лакман, од Универзитетот во „Свонси“, за „Би-Би-Си“.

А68 најдобро ќе остане запаметен како прв глечер кој станал ѕвезда на социјалните мрежи, бидејќи луѓе од целиот свет прикачиле сателитски слики од него, пренесуваат британските медиуми.

Scroll to Top