Исчистете ја тастатурата со чепкалки за уши

Како се чисти тастатуратам зошто толку се валка и како воопшто се вадат копчињата? Она што мора да го знаете е тоа дека чистењето на тастатурата е задолжително, затоа што секојдневно ја користиме. На неа се собира прашина, бактерии и нечистотија која потоа ја пренесуваме понатаму. Во најлош случај, го допираме своето лице и коса, а потоа се прашуваме поради што ни се појавиле акни.

Во продолжение прочитајте како се чисти тастатурата. Можете тоа да го направите сами, нема потреба да плаќате сервисер.

Прво што треба да направите да го исклучите компјутерот и да ги извадите каблите или усб-стикот од куќиштето. За почеток, истресете ја тастатурата. Ќе паднат многу трошки и прашина. Овој чекор е важен затоа што ќе испаднат сите цврсти парчиња кои се заглавиле. Ако не ги исфрлите, ќе ви сметаат при понатамошното подлабинско чистење.

Потоа, земете чепкалка за уши. Ќе ви требаат доста стапчиња за чистење. Можете да се послужите и со туфери, за поголеми површини, како за на пример, редовите помеѓу копчињата. Притоа, ќе ви треба и шишенце алкохол. Пазете алкохолот да не се прелие по тастатурата. Доволно е стапчето да го натопите со алкохол.

Ако тастерите ви се заглавуваат и под нив гледате прашина или трошки, извадете ги со помош на штрафцигер и избришете го местото на кое стоеле. Доколку ги вадите сите копчиња, имајте на ум да ги вратите назад по ист распоред.

Scroll to Top