Испратил писмо до Дедо Мраз со само една желба, со семејството да добие свој дом

By
Деветгодишниот Луис Вилијамс од англискиот град Кент, привремено престојува со своите две сестри и мајка во прифатилиштето за бездомници. Семејството се селело 14 пати за помалку од десет години. Оваа година, момчето му испратило писмо на Дедо Мраз, кое ја расплака јавноста.

Имено, момчето има една желба. Да има постојан дом.

„Драги Дедо Мраз, дали оваа година би можел да добија куќа засекогаш? Не сакам нови играчки, овие кои веќе ги имам сите ми се добри. Би сакал да живеам во мир и да имам своја соба со маса на која би ги правел моделите од Лего коцките. Сите сме тажни што живееме овде и само сакам да моето семејство биде среќно. Многу ти фала и ти посакувам среќен Божиќ. Те сака Луис Вилијамс“, напишало момчето во писмото.

Семејсството останало без дом, затоа што мајка му Николина (31) не можела да плаќа кирија, иако работела на две места.

„Работам напорно, но не можам да си дозволам да плаќам станарина. Се чувствувам дека сум ги изневерила своите деца. Кога ќе видам што другите деца сакаат за Божиќ, срцето ми се крши“, признава Николина.

Семејството Вилијамс е на државната листа за постојано сместување, а во моментов живее во стан со две спални соби. Николина вели дека таму нема простор ни за новогодишната елка.

Видете го видеото:

 

 

 

 

Ќе ви се допадне