Италија го забрани „ТикТок“ за дел од корисниците по смртта на 10-годишно девојче

By

По смртта на едно девојче од Палермо, кое учествувало во онлајн предизвик со онесвестување, италијанските валсти им наложија на администраторите на „ТикТок“, да го блокираат пристапот на корисници, чија возраст не можат да ја потврдат.

Девојчето починало учествувајќи во предизвик со стегнување шал или ремен околу вратот, со цел да се намали дотокот на кислород во мозокот и да дојде до привремено губење свест.

Јавното обвинителство од Палермо отвори истрага во врска со овој случај за „поттикнување самоубиство“, откако 10-годишното девојче починало од загушување.

„Италијанска агенција за заштита на податоците (ГПДП) му нареди на „ТикТок“ веднаш да ги блокира оние корисници на кои возраста не може да им се утврди со сигурност“, се вели во соопштението на ГПДП.

Ваквата одлука дошла веднаш по немилиот настан со малолетното девојче. Според условите за користење на „ТикТок“, корисниците мораат да имаат најмалку 13 години. На кинеската апликација ѝ е забрането да обработува податоци на лица под оваа возраст.

 

Ќе ви се допадне

Watch Wonder Egg Priority Episode 1 at website https://animeheaven.pro animeheaven dragon ball

Dr. Stone (Dub) Episode 24 at website https://animeplanet.cc anime planet darling in the franxx