Градоначалникот на италијанскиот град Сутри, кој се наоѓа северно од Рим, Виторио Сгарби, веведе казна за сите оние кои ќе носат заштитни маски без потреба. Тој вели дека маски можат да носат само оние лица од кои тоа законски се бара.
Виторио смета дека луѓето не треба да носат заштитни маски, затоа што би изгледале како крадци и терористи. Виторио, кој истовремено е и италијански пратеник, е голем противник на носењето маски и на останатите рестрикции кои ги воведе италијанската влада.
Тој во саботата објави дека во градот Сутри секој кој ќе носи маска, а за тоа нема потреба, ќе биде парично казнет, додавајќи дека во градот нема случаи на заразени со Ковид 19.
„Во согласност со законските одредби, користењето маски во градот Сутри на јавни места е забрането поради очигледни здравствени и безбедносни причини, освен во случај на поголеми собирања“, изјавил Виторио.
Тој појаснил дека во сите останати случаи, тие кои ќе носат маски ќе бидат казнети во согласност со Законот за јавен ред и мир, кој забранува носење маски со цел прикривање на идентитетот.
Епидемиолошката ситуација во Италија значително е подобрена во последните месеци.
Секојдневно се бележат неколку стотина смртни случаи, додека помалку од 100 пациенти се наоѓаат на интензивна нега. Италијанскит здравствен систем дневно објавува бројка од 90.000 до 100.000 тестирања на Ковид-19.