Италијански остров каде што можете да купите куќа за 1 евро

За само едно евро можете да купите куќа на прекрасно место во Италија. Ова можеби изгледа премногу добро за да изгледа вистинито? Сепак, вистина е! Ако сакате да станете сопственик, ќе мора да се обврзете дека во целост ќе ја реновирате својата нова куќа.

Во италијанското место Ололаи на Сардинија градоначалникот Ефисио Арбау има план да привлече луѓе затоа што во тоа подрачје повеќето жители се постари и немаат деца. Овој град брои повеќе од 1.300 жители.

Неговиот план е да привлече луѓе во запуштениот италијански град за да се зголеми популацијата, но и куќата во целост да не пропадне. Иако самата куќа доаѓа речиси бесплатно, поточно за 90 пени, реновирањето може да ве чини околу 30.000 евра.

„Се впуштив во крстоносна војна за да ја спасам нашата единствена традиција од заборав. Нашата сила се крие во посебноста на нашето минато. Секогаш сме биле силни луѓе и нема да дозволиме нашиот град да умре“, заклучил градоначалникот Ефисио Арбау.

 

Scroll to Top