Ивица Дачиќ се отрул од козји гулаш

Лидерот на српската партија СПС, Ивица Дачиќ, во текот на својот службен пат во една земја во Африка морал да побара лекарска помош поради труење.

Шефот на српската дипломатија во текот на африканската дипломатска тура доживеал вистинска драма кога му се слошило најверојатно од локалниот специјалитет.

Лекарите веднаш го приклучиле Дачиќ на инфузија. Како што пренесуваат медиумите, добиени од информации од африканските дипломати, најверојатно станува збор за козји гулаш, специјалитет во местото Буркина Фасо. Откако ја примил инфузијата, состојбата на Дачиќ се подобрила.

 

Scroll to Top