Изложба на фотографии од Влатко Деков

На 13 октомври во кафулето „Концепт 37“ ќе биде отворена изложбатаа на фотографии „Интровертност“ од Влатко Деков.

„Денешниот свет ги фаворизира екстровертните луѓе. Креиран е според нивни норми и воопшто не е сензитивен за луѓето кои не се гласни, кои не зборуваат со секого за своите чувства, кои не се експонираат во јавноста, за луѓето кои најпрво чувствуваат, а потоа преземаат акции. ‘Интровертните луѓе’ е темата на оваа серија фотографии настаната летото 2016 и 2017 години, во ретките моменти кога и самиот сум се идентификувал како инторвертна личност“, вели авторот.

Фотографиите се снимени во неколку европски градови, но претежно на португалските плажи помеѓу Лисабон и Порто. Сите љубители на фотографијата изложбата ќе можат да ја посетат до 23 октомври.

Scroll to Top