Изложба на Гордана Вренцоска во Њујорк

На денот на независноста на Р. Македонија, 8 септември, во галеријата на Македонскиот центар во Њујорк ќе биде отворена самостојна изложба на Гордана Вренцоска со наслов „Неизложено: моите споредни приказни“. Ова е второ претставување на изложбата, по поставката во Националната галерија на Македонија во октомври минатата година.

Вренцоска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, a магистрирала на студиите по дизајн во Лондон. До сега има остварено 13 самостојни изложби.

Таа за овој проект користи разновидни реди-мејд предмети, уметнички дела, артикли и материјали за масовна, но и лична употреба кои добиваат нова функција – монтажни делови на едно уметничко дело.

Изложбата ќе биде отворена до 14 септември.

Scroll to Top