Изминатата деценија беше најтопла од кога се мерат температурите

Последната деценија беше најтопла од кога се мерат температурите на воздухот, потврдуваат научниците. Извештајот во кој се предупредува на последиците од глобалното затоплување го правеле 520 научници од 60 земји.

Тој покажува дека секоја деценија од 1980 година е потопла од претходната, пишува британски „Гардијан“. Најтопол е периодот од 2010 до 2019 година, а температурата значително пораснала од 2014 до 2019 година кога се забележани и рекордите.

Станува збор за период кога Европа, САД и Индија биле погодени од топлотни бранови. Тогаш се измерени и високи температури на Арктикот, а пожарите беснееле од Калифорнија, преку Грција па сè до Австралија.

Климатологот од Универзитетот „Пен“, Мајкл Мен, предупредил дека во претстојната деценија мора итно да се влијае за да се намали порастот на температурата.

Научниците предупредуваат дека светот се загревал за речиси еден степен во однос на прединдустрискиот период.

 

Scroll to Top