Извлечете вредна лекција од раскинувањето

Ако некогаш ви се случило да се разбудите, и неколку години после раскинувањето, и сте свесни дека поранешниот партнер сè уште понекогаш ви е во мислите, морате да се запрашате зошто е тоа така. Не сте се ни виделе ни чуле со години, но никако не можете да го исфрлите од глава. Какви нејаснотии и да ги имате, ова се четирите работи кои се менуваат во вашиот живот во годините после раскинувањето.

1. Ќе бидете посилни и посигурни во себе, отколку некогаш порано. Можеби сега мислите дека сте слаби, дека би умреле од тага по него или дека едноставно не би можеле да поднесете да останете без него. Во првите денови и недели сигурно ќе ви биде тешко, ќе плачете и ќе бидете безволни, но после првиот шок, како што времето ќе изминува, така ќе станувате сè посилни како личност, и во таа мера угодно ќе се изненадите самите себе.

2. Ќе бидете подобри кога компромисите се во прашање. Доколку сте имале хоби во кое сте уживале, а кое него не го воодушевило, но и покрај тоа сте продолжиле да се занимавате со тоа и додека сте биле во врска, голема е веројатноста да имате искуство со компромиси и дека знаете како да ги постигнете без да се изгубите себеси во целиот процес. Иако измеѓу вас е готово, сепак таа супер вештина слободно однесете ја со себе во секоја наредна врска.

3. Можеби ќе имате проблем со доверба во наредните партнери. Недостатокот на доверба во идниот партнер може да се јави поради многу причини, но особено голема е веројатноста за тоа е ако сте биле изневерени, понижени и разочарани. Токму поради стравот да не бидете повторно повредени, можеби ќе се плашите да се отворите и да пуштите некого во своето срце, но немојте да заборавите дека сè додека на тој начин се браните, ја стопирате и можноста да биде вистински среќни.

4. Вашиот живот ќе биде побогат за сите интереси кои сте ги наследиле од него и кои станале дел од вашиот живот. Можеби со поранешниот сте почнале да планинарите, а во меѓувреме планирањето и вие самите сте го засакале. Само затоа што вие двајца раскинавте, нема причина да престанете да се занимавате со било што ве исполнува вас како особа, без разлика на тоа што ве заразил токму тој со тоа.

Scroll to Top