Ја побарал својата девојка за сопруга на маршот на Бесмртниот полк

Илјадници луѓе учествувале во маршот на Бесмртниот полк во Њујорк, кој се одржува во чест на советските воени херои кои ги поразиле нацистите. Еден маж ја искористил можноста да ја побара за сопруга својата девојка.

„Би сакал да станеш моја жена“, изјавил Роб Бел откако клекнал на едно колено на улицата.

Неговата девојка Триша Дирмонд му рекла „да“.

Луѓето околу нив им аплаудирале. Роб бил облечен во воена униформа од Втората светска војна.

„Сакав мигот кога ќе ја побарам за сопруга да биде нешто кое ќе се памети навек“, изјавил Бел.

Бесмртниот полк е почнат во Русија пред десетина години, а од тогаш се одржува на меѓународно ниво кога милион луѓе ширум светот на планетата на Денот на победата носат портрети од роднините кои се бореле за време на Втората светска војна.

Двојката вели дека им е жал што голем број Американци малку знаат за Втората светска војна и придонесот на СССР и победата против нацистите.

Scroll to Top