Ја продал медалјата од Светското клупско првенство против Ливерпул за да купи дрога

Поранешниот голман на бразилскиот фудбалски клуб Сао Паоло, Флавио Донизете, открил дека ја продал медалјата која ја освоил од Светското клупско првенство против Ливерпул во 2005 година, за да купи дрога.

Донизете вели дека ја продал највредната работа која ја имал освоено во животот.

„Ја продадов за да купам дрога, за околу 3500 евра“, изјавил Донизете за Globoesporte.

„Кога ја продадов, добив пари и повеќето од нив ги потрошив на кокаин. Колку само земав тие два дена. Колку повеќе пари имав, толку сакав повеќе“, открива Донизете.

Како тинејџер, фудбалерот се пробил во првиот тим на Сао Паоло, покажувајќи го својот квалитет, а во својата втора сениорска сезона, ги доживеал најголемите успеси во историјата на клубот.

„Откако се навлеков на дрогата, изгубив сè. На почетокот бев умерен, но кокаинот ми стана поважен од било што друго во животот. Тогаш почнав да губам сè, сите пари кои ги имав, ги потрошив на дрога. Наутро, попладне, или навечер, морав да земам дрога“, вели Донизете.

Одличниот голман имал нешто помала улога кога Сао Паоло таа година беше шампион и го освои Копа Либертадорес. Најголемиот успех го има напревена на Светското клупско првенство падна против Ливерпул.

„Пријателите ми велеа да пробам. Јас ќе пробав, а алкохолот ќе го уништеше ефектот. Си велев дека можам да пијам колку што сакам, дека кокаинот ќе ми ги реши сите проблеми. Никогаш не бев дома. Секогаш одев на разни места и пробував дрога. Имаше периоди кога не помина ден, а да не земам дрога“, вели Донизете.

 

 

 

Scroll to Top