Ја убил ќерка му затоа што се заљубила во постар маж

By

Тринаесетгодишното девојче од Иран, Ромина Ашрафи било убиено од страна на нејзиниот татко, затоа што се заљубила во постар маж и сакала да побегне со него. Татко ѝ ја убил, отсекувајќи и ја главата на спиење, со срп.

Ромина веќе подолго време се обидувала да побегне од семејниот дом во Ховиг, со 34 годишниот Бехнамном Хавари. Тие планирале да се венчаат, нешто што не го дозволувал нејзиниот татко.

Откако побегнале нивните семејства повикале полиција која ги лоцирале по пет деца и Ромина била веднаш вратена дома. Локалните медиуми пренеле дека полицијата ја вратила Ромина дома, благодарение на законите на Исламската Република, иако изјавила дека животот и е загрозен и дека се плаши од нејзиниот татко.

По убиството, таткото на девојчето се предал на полицијата и го признал злосторот. Тој во полицијата стигнал со крвави раце и со српот во рака. Гувернерот на округот Казем Рамзи, изјавил дека таткото се наоѓа во притвор и дека истрагата е започната за целосно расчистување на случајот.

Таткото се соочува со казна до десет години затвор. Тој ќе ја избегне смртната казна, затоа што бил чувар на Ромина, а според исламскиот кривичен закон, тоа значи дека е ослободен од обвинението за „одмазда во натура“, пренесува „Дејли Мејл“.

Според шеријатскиот закон, само крвната фамилија може да бара извршување на смртна казна за убиство на роднина. Поради тоа, голем број од убиствата направени поради чест, поминуваат со блага казна.

 

 

 

Ќе ви се допадне