Јапонија останува без легендарните нинџи

Поради големиот бран туристи кои сакаат да ги гледаат нинџите во живо, Јапонија сега има недостиг од ваков тип борци.

Јапонските легендарни нинџи се познати по таинственоста и натприродната моќ да бидат невидливи. Но, експертите за боречки вештини се загрижени и велат дека нинџите можат целосно да исчезнат затоа што им недостигаат талентирани борци.

Како што расте бројот на туристи во Јапонија, така расте и потребата за овие славни работници кои своите вештини ги покажуваат во живо. Сè потешко е да се пронајдат добри кандидати, кои ја усовршиле оваа вештина.

Такасугу Аоки, експертот за боречки вештини во Нагоји, вели дека постои сè поголема потреба за вработување нинџи во земјата и дека се чувствува значителен недостиг на овие борци.

Тој е загрижен и поради фактот дека ниту учителите, кои би требало да ги обучат кандидатите не ги владееле потребните вештини. Учителите би требало да бидат оспособени за борба без оружје, акробатика, криење, давање  прва помош, а мораат да знаат да ги користат и сабјите и мечевите.

Иако нинџите имаат способност да бидат невидливи, да одат по вода, за учителите тоа не е обврска. Иако во текот на вековите развиле репутација на страшни и непобедливи војници, тие првенствено во текот на феудалниот период во Јапонија се занимавале со шпионажа.

Нинџите првенствено развивале вештини на шпионирање и голема издржливост, додека борбите и насилието им биле крајно средство. Исто така биле исклучително вешти во користењето на отровните стрели. Прво се појавиле како платеници во 15 век, за време на граѓанската војна и биле ангажирани да дејствуваат како шпиони, напаѓачи, убијци па дури и како терористи.

 

Scroll to Top