Истражувачите Ричард Лин и Дејвид Бекер од од Институтот Алстер во 2019 спроведоа студија, каде открија дека Јапонците имаат најголема просечна интелигенција во светот со коефициент 106.49, а веднаш зад нив се граѓаните на Тајван и Сингапур. Додека Македонија се најде на 108. место во светот по интелигенција со просечен коефициент 81,91.
Всушност, коефициентот на интелигенција (IQ) е мерка за човечката интелигенција. Луѓето кои сакаат да им се измери коефициентот на интелигенција, прават стандардизирани тестови, а потоа добиваат оценка којашто го рангира нивното ниво на интелигенција.
Колку е поголем резултатот на коефициентот на интелигенција, толку личноста се смета за поинтелигентна.
Картата на коефициентот на интелигенција ја обојува секоја земја во зависност од тоа колку е висок просечниот резултат на коефициентот на интелигенција. Потемната виолетова нијанса укажува на понизок коефициент на интелигенција. Додека со црвено-портокалова боја се обоени оние земјит со повисок просечен резултат. Според податоците од оваа студија, најнизок коефициент на интелигенција е забележан на континентот Африка.
Ова е топ листата на најинтелигентните народи во светот.
- Јапонија – 106,49
- Тајван – 106,47
- Сингапур – 105,89
- Хонг Конг (Кина) – 105,37
- Кина – 104,10
- Јужна Кореја – 102,35
- Белорусија – 101,60
- Финска – 101,20
- Лихтенштајн – 101.07
- Холандија и Германија (нерешено) – 100,74
Што се однесува до балканските земји, ова се следните резултати:
- Хрватска – 95,75
- Бугарија – 90,99
- Србија – 89,6
- Босна и Херцеговина – 88,54
- Црна Гора – 85,78
- Македонија – 81,91
- Албанија – 81,75